top of page
Montaza.jpg

УСЛУГИ

ПРОДАЖБА НА ЕЛЕМЕНТИ ЗА ФОТОВОЛТАИЧНИ СИСТЕМИ
image.png

Trina Solar се едни од најдобро рангираните компании за производство на соларни панели во светот.

Компанијата е присутна во повеќе од 100 држави во светот. Позната е по висококвалитетните соларни панели и се вбројува во водечките светски компании кога станува збор за иновациите кај оваа индустрија. 

Трина солар има активен ангажман во одржливите иницијативи и се труди да го минимизира влијанието врз околината поради својата дејност.

ПРОЕКТИРАЊЕ И ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА  
image.png

За да го заокружиме принципот „КЛУЧ НА РАКА“ и да го упростиме процесот на реализирање на фотоволтаичен систем за нашите клиенти обезбедуваме  услуга за изработка на проект и проектна документација.

Обезбедуваме сеопфатна поддршка за креирање на PV проект и проектна документација за ФВ системи. Нашиот искусен тим од професионалци ќе ве води низ целиот процес, од првичниот дизајн до конечното пуштање во употреба.

 

Посветени сме да ви помогнеме да ја максимизирате ефикасноста и рентабилноста на вашата инвестиција за соларна енергија.

МОНТАЖА И ИНСТАЛАЦИЈА НА ФОТОВОЛТАИЧНИТЕ СИСТЕМИ
Montaza.jpg

Нудиме брзи и професионални услуги за инсталирање на Фотоволтаични модули, по системот „клуч на рака“ Нашиот тим од искусни техничари и инженери ќе го стави вашиот систем брзо во функција за да можете да почнете да ја користите чистата, обновлива сончева енергија. Ние сме на располагање да им помогнеме на нашите клиенти во текот на целиот процес на инсталација но и во текот на користењето на системот.

      РОБОТСКО ЧИСТЕЊЕ НА     ФОТОВОЛТАИЧНИТЕ ПАНЕЛИ
QQQQQQ.jpg

Нашиот робот Solarcleano нуди брзо и ефикасно решение за чистење на PV модули и враќање на изгубените перформанси во системот. Оваа револуционерна роботска технологија е едноставна за употреба и може да ги исчисти вашите PV модули за само неколку часа, со минимален ангажман од човечка сила. Овозможувајќи ви да го извлечете максимумот од вашиот систем за соларна енергија.

bottom of page